Home » Во фокусот » Новогодишните светла во Лондон треперат во срцевиот ритам на децата со срцеви заболувања

Новогодишните светла во Лондон треперат во срцевиот ритам на децата со срцеви заболувања

Агенцијата Голин Лондон создаде кампања за помош на децата со срцеви заболувања

TGA? Били Хопкин? За многумина овие зборови немаат посебно значење. Или барем така беше –се `до вчера.

Од вчера, новогодишните светла во Convent Garden во Лондон треперат во срцевиот ритам на двегодишниот Били Хопкин, кој е роден со срцева аномалија. Светилките со овај ритам ќе треперат 24 часа до крајот на декември, со цел да ги потсетат купувачите за илјадници деца како Били, кои ја пропуштаат магијата на Божиќ заради срцеви заболувања.

Сега многумина веќе сигурно знаат дека TGA е транспозиција на големи артерии, сериозна срцева аномалија во која аортата и белодробна артерија ги замениле местата, т.е. тие ја излегуваат од “погрешната комора”. И Били е само едно од многуте деца кои страдаат од ТГА. Секој кој сака да им помогне за време на празниците, тоа може да го стори со донирање на средства во хуманитарната организација “Tiny Tickers”.

Кампањата е дело на креативниот тим на агенцијата Голин Лондон, предводен од Алекс Вудс, како поддршка на рганизацијата “Tiny Tickers”, која сакаше да го “нагласи” овој проблем и да им помогне на бебињата и децата кои ги поминуваат празниците во болница.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365