Иако Бенкси е познат по својата стрип и субверзивна улична уметност, за време на пандемијата и во рамките на ограничувањата на карантинот, создава поинтимни дела со кои им оддава почит на здравствените работници.
Неговото последно дело наречено Game Changer, веќе може да се види во ходникот во општата болница во Саутемптон.
На него се гледа момче како игра со играчка суперхерој, овој пат медицинска сестра, а Бетмен и Спајдермен се фрлени во корпа за отпадоци. Медицинската сестра, облечена во маска за лице, капа и бела престилка на која има црвен крст, е со крената рака како да лета.
Банкси остави порака за здравствените работници, велејќи: „Благодарам за се` што правите. Се надевам дека ова дело ќе донесе некоја светлина на ова место, иако е црно-бело“.
Откако ќе бидат укинати мерките за карантин, ова дело – што е приближно еден метар квадратен – ќе биде изложен за јавноста, а потоа ставено на аукција да се соберат пари за добротворни цели за здравствените работници, потврди портпаролката на Банкси.