Ogilvy направи серија на уникатни пакувања, користејќи „уметнички алгоритам“
Нутела одсекогаш била забавен бренд, а сега во Италија направија навистина забавен штос, одразувајќи единственост на своите производи преку амбалажата.
Агенцијата Ogilvy & Mather користела посебен алгоритам за да испринта 7 милиони различни дизајни за тегли на Нутела, спакувани како лимитирано издание и распродадени во рок од еден месец.
„Може ли Нутела да биде уште поуникатна? Ние мислиме дека може. Мислиме дека Нутела може да биде еднакво посебна и експресивна како и секој од нејзините купувачи,“ напиша Ogilvy во описот на кампањата, во кој се наведува дека секоја единствена тегла е всушност „како уметничко дело“.
Лансирањето на оваа ограничена серија беше придружено со ТВ оглас, онлајн видео и дигитална активација во која фановите можеа да прават сопствени видеа во чест на некој кој го сметаат за посебен.