Home » Во фокусот » Нутела во 7 милиони уникатни пакувања

Нутела во 7 милиони уникатни пакувања

Ogilvy направи серија на уникатни пакувања, користејќи „уметнички алгоритам“

Нутела одсекогаш била забавен бренд, а сега во Италија направија навистина забавен штос, одразувајќи единственост на своите производи преку амбалажата.

Агенцијата Ogilvy & Mather користела посебен алгоритам за да испринта 7 милиони различни дизајни за тегли на Нутела, спакувани како лимитирано издание и распродадени во рок од еден месец.

Може ли Нутела да биде уште поуникатна? Ние мислиме дека може. Мислиме дека Нутела може да биде еднакво посебна и експресивна како и секој од нејзините купувачи,“ напиша Ogilvy во описот на кампањата, во кој се наведува дека секоја единствена тегла е всушност „како уметничко дело“.

Лансирањето на оваа ограничена серија беше придружено со ТВ оглас, онлајн видео и дигитална активација во која фановите можеа да прават сопствени видеа во чест на некој кој го сметаат за посебен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365