Акциите на технолошката компанија Nvidia забележаа значителен скок на Њујоршката берза во текот на минатата недела, како резултат на што таа се издигна на третото место на највредни американски компаниии.
Вкупната вредност на Nvidia се проценува на 1.825 трилиони долари откако нејзините акции скокнаа за 2.46% во однос на претходната недела, престигнувајќи го притоа гигантот за онлајн трговија и веб услуги Amazon и матичната компанија на Google, Alphabet.
За споредба, вкупната вредност на Alphabet се проценува на 1.821 трилиони долари, додека пак вредноста на Amazon е еднаква на околу 1.776 трилиони долари.
Nvidia во моментот контролира околу 80% од пазарот на чипови за вештачка интелигенција од висока класа, благодарение на што цената на нејзините акции забележа вртоглав раст од дури 47% од почетокот на оваа година, а претходно во 2023 година се зголеми за повеќе од тројно.
Клиентите се соочуваат со недостиг од врвните компоненти на Nvidia додека развивачите на вештачка интелигенција се соочуваат со повеќемесечни листи на чекање за да ги користат нејзините процесори преку провајдери на клауд-услуги.
Развојот на вештачката интелигенција се одрази позитивно и на Microsoft, којшто во јануари го престигна Apple како највредна компанија во светски рамки, со вредност од над 3 трилиони долари.