Американскиот производител на компјутерски чипови Nvidia се искачи на првото место на највердни компании во светот, надминувајќи ги Microsoft и Apple.
Акциите на Nvidia достигнаа рекордна цена од 136 долари по акција, што значи дека пазарот сега ја вреднува компанијата на 3,34 трилиони долари. Тоа е повеќе од вредноста на технолошките гиганти Microsoft (3,32 трилиони долари) и Apple (3,27 трилиони долари).
Nvidia произведува компјутерски чипови потребни за развојот на вештачката интелигенција, а сè поголемата побарувачката за нејзините производи доведе до вртоглав раст на нејзините приходи и добивки во последните неколку години.
За споредба, акциите на Nvidia пред осум години вределе помалку од 1% од нивната сегашна цена. Само во првата половина на 2024 година, цената на акциите е порасната речиси двојно.