Некои компании, по повод Божиќните празници, се задоволуваат само со редење елка. Други, поминуваат неколку месеци во осмислувањето на цела рекламна кампањо. Но, трети, како модниот бренд ZARA, се решаваат да снимат цел филм од 43 минути!
Божиќниот филм на ZARA е насловен “O Night Divine” („О, ноќ Божествена“), а режиран од страна на италијанскиот режисер Лука Гуаданино, познат по филмови како “Call Me by Your Name” и “We Are Who We Are”.
Глумци во филмот се Алекс Волф, Џон Рајли, Хејли Гејтс, Самија Беназуз, Клои Парк, Валерио Сантучи, Франческа Фигус, Танија Ханјунг Парк и Ши Јанг Ши.
Филмот ја следи приказната на пет личности во хотел, каде нивните животи магично се вкрстуваат за луда Бадникова ноќ полна со авантура и прослава.
Џон Рајли го глуми Дедо Мраз, кој се спријателува со мало девојче кое залутало од нејзините родители. Дедо Мраз се обидува да ја развесели со пеење на традиционалната неаполитанска песна “Santa Lucia”.
Очекувани, сите ѕвезди во филмот се од глава до пети облечени во ZARA.