Многу корисници на социјалните мрежи од целиот свет и Македонија реагираат дека не можат да пристапат кон своите е-маил адреси на Gmail и имаат големи проблеми во користењето на останатите сервиси како Drive или YouTube.
Првичните шпекулации се дека станува збор за глобален пад на системот на серверите на Google, а дури и за хакерски напад.
Во моментов компанијата нема излезено со официјална реакција, а корисниците на Твитер го користат хаштагот #googledown за споделување информации околу целата ситуација која предизвикува целосен хаос во функционирањето на многу бизниси од целиот свет.