„Ни треба вашата помош. Вие имате моќ да го промените светот“, се вели во повикот на ООН.
Со ширењето на коронавирусите на сите страни на светот, Организацијата на Обединетите нации ги повика креативците ширум светот да им помогнат во спречување на ширењето на коронавирусот.
„Ни треба вашата помош. Вие имате моќ да го промените светот“, се зборовите со кои започнува првиот досега отворен повик на Обединетите Нации за креативците, со цел да се креираат пораки на комуникација кои ќе бидат ефективни, достапни и лесни за споделување.
Во нивниот повик, наречен Глобален повик за креативци, Обединетите Нации наведуваат дека им е потребна „помош при пренесување на критичните јавно- здравствени пораки на различни јазици, различни култури, заедници и платформи кои можат да достигнат до сите и насекаде. “
„Начинот на кој комуницираме и како комуницираме се исто толку важни како и она што го комуницираме“, се вели во повикот. Според нив, не се работи за една единствена кампања – Обединетите нации бараат мноштво на креативни решенија кои ќе стигнат до публиката во различни култури, возрасти, припадности, подрачја и јазици. Тие ги бараат оние со имагинација, амбиција и генијалност.
На повикот на Обединетите Нации можете да се приклучите преку следниот линк: https://bit.ly/2UmdJV9