(01.09.2020) – Последниот твит објавен на Твитер профилот на актерот Чедвик Боузман, ѕвездата на „Црниот пантер“ е најпопуларната објава во историјата на Твитер, соопштија од оваа компанија.
Информацијата беше објавена во саботата попладне, еден ден откако беше соопштено во јавноста дека Боузман почина на 43-годишна возраст по четиригодишна борба со рак на дебелото црево.
— Chadwick Boseman (@chadwickboseman) August 29, 2020
„Фановите се збогуваат со актерот, а твитот што неговото семејство го објави по неговата смрт, сега е најпопуларниот твит на сите времиња на Твитер“, се вели во соопштението на компанијата.
Твитот во кој беше соопштено дека актерот починал, го “лајкнале“ повеќе од 7,5 милиони луѓе и тој број продолжува да расте. Позицијата на најпопуларен твит досега ја држеше објавата на поранешниот претседател на САД, Барак Обама, која има вкупно 4,3 милиони лајкови.