Агенцијата Edelman веќе 16 години го објавува извештајот Edelman Trust Barometar кој ги претставува резултатите од истражувањето за довербата на граѓаните во компаниите, медиумите, власта, невладините организации… Резултатите од овогодинешното истражување покажуваат дека довербата е во сериозна криза на сите нивоа и во сите области.
Резултатите откриваат и дека испитаниците се повеќе се потпираат на “луѓе како себеси“ кои се со значително поголема доверба отколку некои официјални лица или извршни директори.
Испитаниците од ширум светот сметаат дека промените во работата денеска се случуваат пребрзо и дека со себе ја носат алчноста за пари, а не желбата да го подобрат животот на луѓето, како и дека определените области сеуште не се доволно законски регулирани.
Преглед на истражувањето можете да видите во продолжение: