• Огласи за работа
  • |
  • Датабаза на агенции
  • |
  • Датабаза на медиуми
Thursday, January 28, 2021
No Result
View All Result
NEWSLETTER
Marketing365
Контакт
  • Во фокусот
    • Истражувања
    • Колумни
    • Интервјуа
  • Маркетинг & Адвертајзинг
    • #MKAgencyLife
    • Креативен импулс
    • Digital
    • Герила маркетинг
    • Политички маркетинг
  • ПР
  • Медиуми
  • Компании
    • FMCG
  • Настани
Marketing365
  • Во фокусот
    • Истражувања
    • Колумни
    • Интервјуа
  • Маркетинг & Адвертајзинг
    • #MKAgencyLife
    • Креативен импулс
    • Digital
    • Герила маркетинг
    • Политички маркетинг
  • ПР
  • Медиуми
  • Компании
    • FMCG
  • Настани
No Result
View All Result
Marketing365
No Result
View All Result

Објавен прелиминарниот избор за Epica Awards 2020

December 2, 2020
in Во фокусот, Маркетинг & Адвертајзинг, Најнови вести
Сподели на FacebookТвитниСподели на LinkedIn

Единствените глобални креативни награди во кои главниот збор го имаат медиумите и новинарите, Epica Awards, го објавија својот прелиминарен избор (shortlist) на кампањи за 2020 година. Организацијата им се заблагодарува на сите агенции, продукциски компании, креативни таленти и клиенти кои ги поддржаа наградите во текот на оваа тешка година. Жирито на новинари ги прегледа и оцени сите пријавени кампањи преку онлајн платформа за гласање.

Целосната листа на кампањи од првичниот избор може да се погледне на следниот линк. Овие финалисти ќе продолжат во следната рунда на гласање, која ќе се одржува онлајн од 2 до 8 декември. Златните и Гран При награди ќе бидат доделени на специјална онлајн церемонија која е закажана за 17 декември. Повеќе детали ќе следуваат наскоро.

Добитниците на сребрените и бронзени награди ќе бидат објавени јавно на веб-сајтот на Epica Awards во текот на следниот ден, 18 декември.

Оваа година за наградите на Epica се натпреваруваа 1980 кампањи од 59 држави – бројка пониска од претходните години, но поголема од очекуваната, со оглед на глобалните услови. Најмногу кампањи биле пријавени од Русија, по која следува Германија. Во однос на агенциски мрежи, Wunderman Thompson и BBDO беа особено добро претставени.

Од Epica Awards им честитаат на сите финалисти. Евентуалните победници, заедно со селекција од високооценети финалисти, ќе се најдат во годишната книга на Epica (Epica Book), која ќе биде публикувана во септември 2021.

Жирито на Epica Awards е составено од уредници и искусни новинари од светски водечките медиуми кои ја покриваат креативната индустрија и комуникациите. Тие беа дополнително потпомогнати од новинари од специјалистички области како пост-продукцијата, виртуелната реалност, дизајнот, луксузните производи и модата. Целосната листа на членови на жирито, меѓу кои е и Маркетинг365 како претставник од Македонија, може да се погледне на следниот линк.

Вечерен бриф

Маркетинг365 вечерен бриф

* indicates required

За нас

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија.
Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 година), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014)…….Прочитај  ПОВЕЌЕ

marketing365-logo-transparent

  • Импресум
  • Контакт
  • Датабаза на агенции во Македонија
  • Политика за приватност на Marketing365 (Privacy Policy)

 

Cannes Lions Official Festival Representative

AmCham

  • Импресум
  • Контакт
  •  Ценовник за огласување

© 2021 JNews - Premium WordPress news & magazine theme by Jegtheme.

No Result
View All Result
  • Во фокусот
    • Колумни
    • Интервјуа
    • Истражувања
  • Маркетинг & Адвертајзинг
    • #MKAgencyLife
    • Креативен импулс
    • Digital
    • Герила маркетинг
  • ПР
  • Медиуми
  • Настани
  • Компании
  • ДАТАБАЗА НА АГЕНЦИИ
  • ДАТАБАЗА НА МЕДИУМИ
  • Контакт
  • Ценовник за огласување

© 2021 JNews - Premium WordPress news & magazine theme by Jegtheme.