Во текот на вчерашниот ден го најавивме стартот на кампањата насловена како “Иднината е светла” по повод 10 години Халкбанк на македонскиот пазар.
Како дел од оваа корпоративна кампања беше претставена и ТВ рекламата во која Халкбанк повторно го насочува вниманието кон луѓето, овој пат претставени преку десет херои од нашето општество што со своите ентузијазам, мотивација, храброст, дејствување, успех и верба во себе успешно чекорат по патот кон остварувањето на своите соништа..
Носечката порака е довербата во луѓето и во иднината, изразени преку охрабрувачкиот слоган „Иднината е светла“ и промовирањето и поддршката на 10-те централни ликови во кампањата.
“Сакаме да истакнеме дека постоиме, работиме и растеме заедно со луѓето околу нас. Кампањата го сублимира сето она зад кое стоиме уште од почетокот на нашето дејствување во Македонија – ние сме финансиска институција водена од луѓе за луѓето, институција што во средиштето на своето работење нè има сите нас, нашите потреби и желби, како и добросостојбата на окружувањето и општеството во кое живееме. Само така може да обезбедиме одржлива иднина за нас и за средината во која дејствуваме“, изјави помеѓу другото Главниот извршен директор на Халкбанк АД Скопје, Билал Суџубаши по повод лансирањето на кампањата.
Во деновите што претстојат најавени се многубројни активности како дел од кампањата и комуникација преку повеќе различни канали и формати во кои уште повеќе ќе ги запознаеме главните 10 протагонисти во кампањата.