Државната изборна комисија на својот веб сајт ги објави ценовниците на пријавените медиуми за политичко рекламирање поврзано со локалните избори 2025.
Регистрираните медиуми и нивните ценовници можат да се видат на овој ЛИНК во делот “МЕДИУМИ И НАБЉУДУВАЊЕ” и табот од левата страна “ЦЕНОВНИЦИ”.
Ценовникот на Маркетинг365 за политичко рекламирање за локалните избори 2025 е достапен и на овој ЛИНК.
Кампањата за локалните избори стартува на 29 септември. Првиот круг ќе се оддржи на 19 октомври, а во местата каде што ќе има втор круг ќе се гласа две недели подоцна. Ќе се гласа во 80 општини и Градот Скопје на вкупно 3480 избирачки места.