Агенциите Forsman & Bodenfors Gothenburg i Impact BBDO Dubai имаат најмногу финалисти (по 15). Честа на огласувачката индустрија од Адриатик регионот во финалето ќе ја брани агенцијата Bruketa & Zinic OM со кампањата “Ставете се во нивните чевли“ која е работена за Уницеф.
The Cresta Awards, кои во 1993 година ги стартуваше организацијата Creative Standards Internationa, и ја наградуваат креативната успешност во огласувањето и маркетинг комуникациите ги објави финалистите за овогодинешното 22-ро по ред издание.
Фестивалот избира победници во 12 главни категории: TV/Cinema/Online Film, Integrated Campaigns, Press, Outdoor, Ambient Media, Direct Marketing, Radio, Design, Promotions & Incentives, Branded Entertainment, Crafts и Interactive.
Проектите се оценуваат по само два основни критериуми: оригиналност на креативната идеја и квалитет на нејзината реализација.
Forsman & Bodenfors Gothenburg заедно со Impact BBDO Дубаи имаат најмногу финалиња (по 15) додека трети на листата се Leo Burnett Франција со по 12 финалиња.
Целата листа можете да ја погледнете на следниов линк.
Сите финалисти ќе бидат оценувани од Cresta International големото жири кои го сочинуваат 73 познаи светски креативни директори, филмски специјалисти, графички дизајнери и интерактивни професионалци од вкупно 40 земји, а нив ќе ги предводи Andreas Dahlqvist кој е претседател на жирито.
Победниците ќе бидат прогласени на свеченоста која е закажана на 20 октомври 2014 година.
Извор: Медиа Маркетинг