Европската асоцијација на комуникациски агенции (EACA – European Association of Communications Agencies ) објави дека од рекордниот број на пријави во првиот круг на жирирањето за Euro Effie 2015, златниот стандард за ефикасност во маркетинг комуникациите, избра 38 кампањи финалисти (ЛИНК).
Кампањите кои се пласираа во финалето доаѓаат од 23 агенции од 9 земји. На врвот на листата е Велика Британија со 14 кампањи а потоа следат Германија и Франција со 9 и 4 кампањи. Останатите одбрани кампањи доаѓаат од Данска, Италија, Словенија, Шпанија, Шведска и Швајцарија.
Победниците на овогодинешното натпреварување ќе бидат прогласени на 20 октомври во Брисел.
За повеќе информации погледнете го овој линк: http://www.euro-effie.com/