Организаторите на престижните SABRE награди минатата недела го објавија списокот на финалистите за 2015 година за најдобрите комуникациски проекти во EMEA регионот (Европа, Блискиот Исток и Африка). SABRE наградите претставуваат најголемо натпреварување во ПР индустријата и нив ги доделува The Holmes Report, водечката светска независна организација за истражувања во индустријата за комуникации и ПР.
SABRE Awards (Superior Achievement in Branding and Reputation) секоја година доделува признание за исклучителната успешност на комуникациските проекти во Северна Америка, EMEA регионот и Јужно-пацифичкиот регион. Во трката за признанијата кои се доделуваат во повеќе од 20 категории оваа година беа номинирани дури 2000 проекти од целиот свет. Членови на жирито се сениори и професионалци од областите односи со јавност и корпоративни комуникации од угледни светски ПР агенции.
После минатогодишниот голем успех и освојувањето на SABRE наградата за најдобра агенција во Источна Европа, агенцијата Chapter 4 која е присутна со своја канцеларија и во Македонија и оваа година се најде во финалето со два проекти. Списокот на сите финалисти може да се погледне ТУКА.