Home » Во фокусот » Објавени финалистите за Epica Awards

Објавени финалистите за Epica Awards

Креативниот фестивал Epica Awards го објави потесниот избор на кампањи за овогодишното натпреварување. Финалистите ќе бидат оценувани од страна на експертско жири помеѓу 12 и 14 ноември.

Добитниците на златни и Grand Prix награди ќе бидат објавени за време на свечената церемонија која ќе се одржи на 15 ноември во Амстердам, додека пак имињата на освојувачите на сребрените и бронзените награди ќе бидат објавени следниот ден на официјалниот веб-сајт.

Жирито на Epica е составено од уредници и искусни новинари од водечките светски магазини кои ја покриваат индустријата на креативните комуникации. Тие се потпомогнати од онлајн жири од 300 новинари од специјализирани медиуми од области како пост-продукцијата, виртуелната реалност, дизајнот, луксузните брендови и модата.

За овогодишното издание на Epica Awards се пријавиле вкупно 4020 кампањи од 69 држави, што е за 20% повеќе од минатата година. Најмногу кампањи биле пријавени од Германија, по што следуваат САД и Франција. За прв пат оваа година пријавени се и кампањи од Иран и Мароко. Во однос на агенциски мрежи, најмногу кампањи се пријавени од BBDO и McCann Worldgroup.

Дел од пријавените кампањи кои добиле добри оценки, но сепак не не се дел од потесниот избор за награди, ќе бидат објавени во годишната Epica Book, која треба да излезе во септември 2019.

Целосната листа на финалисти кои ќе се натпреваруваат за награди на овогодинешното издание на Epica Awards можете да ја погледнете тука.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365