Marketing mreža ги објави имињата на добитниците на престижните Mark Awards, кои на 21 октомври на свечена церемонија под генерално покровителство на компанијата PepsiCo ќе им бидат доделени на експерти од компании во Србија за личен деловен и професионален успех. За наградите оваа година беа номинирани дури 54 експерти, а стручното жири донесе одлука да награди 12 од нив кои оставиле белег на српскиот пазар во 2021 година.
Во категоријата “Chief Marketing of the Year”, наградата ѝ припадна на Наташа Шарчевиќ, директорка за маркетинг и иновации во компанијата Atlantic Štark, додека пак Бојана Ненадовиќ, маркетинг директорка во Coca-Cola HBC, беше наградена во категоријата “Chief Marketing of the Year – Multi Country”.
Александра Стевовиќ, бренд менаџер во PepsiCo, е прогласена за победник во категоријата “Brand Manager of the Year”. Маја Вујашковиќ Ѓуреиновиќ, Country Communication Manager во IKEA Југоисточна Европа, се истакна во категоријата “PR/Corporate Communications Manager of the Year”, а Сања Томиќ, менаџер за комуникација со вработените во A1 Srbija, е победник во категоријата “Internal Communications Manager of the Year”.
Како “Employer Branding Manager of the Year” е прогласена Сања Миладиновиќ, менаџер за регрутација, селекција, привлекување и развој на таленти во PepsiCo. “Digital Marketing Manager of the Year” е Оља Нестов, виш специјалист за дигитален маркетинг во Grand kafe, а “CSR Manager of the Year” е Сузана Ѓорѓевиќ, директорка на Фондацијата Hemofarm.
Филип Гујаничиќ, помлад бренд менаџер во компанијата Frikom, ја доби наградата во категоријата “Rising Star of the Year”, за маркетинг професионалци под 30-годишна возраст. Милена Ѓориќ Гудуриќ, маркетинг директор за пазарите на Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина во Mastercard, ја освои титулата “Brand Innovator of the Year”, додека Даниела Гашпарац, раководителка за истражување на пазарот и советник на извршниот директор во Telekom Srbija и консултант за маркетинг и комуникации на Srbija voz и UNDP, е добитничка на титулата “Super Hero of the Year”, за маркетери кои и покрај бројните кризи и предизвици на пазарот продолжија храбро да комуницираат со потрошувачите.
На предлог на членовите на жирито, Ѓорѓе Јовановиќ, маркетинг директор за балканскиот пазар во компанијата Xiaomi, беше награден со Специјална награда за неговиот личен придонес во развојот на професијата во Србија.
Жирито на Mark Awards го сочинуваа 15 истакнати професионалци – директори на компании, директори на креативни, ПР и дигитални агенции, како и еден претставник на организаторот, односно професионалните медиуми од Србија. Оваа година жирито беше составено од – Александар Горачинов, пертнер во Evoke Group; Иван Зековиќ, извршен директор, Carnex; Милош Јововиќ, директор за стратешко планирање за централна Европа, PepsiCo; Марко Њавро, генерален директор на SBU Snacks во Atlantic Štark; Наташа Филиповиќ, извршен директор, Ovation BBDO; Миливој Ѓорѓиќ, генерален директор за јадранскиот регион во SmartPoint Adria; Милија Зековиќ, извршен директор, SBB Srbija и Telemach Montenegro; Неда Ѓокиќ, управен директор, HEINEKEN Srbija; Олга Ристиќ, генерален директор, Frikom; Срѓан Лазовиќ, генерален директор, Philip Morris International (за БиХ и Црна Гора); Ива Ѓурковиќ, управен директор, OMD Media & LUNA TBWA Beograd; Вања Цветков, бизнис директор, Centrade Cheil Adriatic; Виолета Ковачевиќ, извршен директор, Mercator-S; Вук Косовац, раководител на малопродажба, член на извршен одбор, OTP banka Srbij; како и Ивана Парчетиќ Митиќ, основач и извршен директор на Marketing mreža.
Целта на Mark Awards е да ги поттикне и мотивира експертите за маркетинг и комуникации од компаниите во Србија, но и да ѝ укаже на стручната јавност за нивниот потенцијал, талент, креативност и способност за постигнување врвни деловни резултати и препознатливост на брендот. Mark Awards е награда со која професионалниот портал Marketing mreža сака да промовира професионални модели, но и да придонесе за подобрување и развој на професијата во Србија.
За разлика од другите професионални награди на српскиот пазар, Mark Awards се доделуваат на поединци за личен деловен и професионален успех, односно на поединци кои оставиле свој белег на пазарот на маркетиншките комуникации во Србија во изминатиот период.
Повеќе информации и листата на победници со биографии и објаснувања на членовите на жирито се достапни на веб-страницата https://mark-awards.rs/dobitnici/
Генерален спонзор на проектот Mark Awards е компанијата PepsiCo. Регионален партнер е Porto Montenegro, а проектот беше поддржан и од Evoke Group, LUNA\TBWA Beograd, SmartPoint Adria, Infostud 3 и Ušće Shopping Center. Партнерска агенција е Ovation BBDO.