Кон крајот на минатата недела се доделени наградите PRO PR Awards 2018, каде што се доделени признанија на реномирани експерти за нивната извонредна работа во областа на комуникациите и односите со јавноста.
PRO PR Awards е програма за наградување на поединци кои со својата работа придонесуваат за подобра перцепција и позиционирање на професијата односи со јавноста на локално и на глобално ниво. Таа е основана во 2012 година, по повод облежувањето на десетгодишнината од PRO PR конференцијата, која е специфична по тоа што е наменета пред се` за поединци, а не проекти, но и по фактот дека за номинацијата не е потребно да се плаќаат никакви надоместоци.
Меѓународната комисија на PRO PR Awards составена од реномирани европски и регионални експерти одлучи дека оваа година, признанијата за придонес за развојот на професијата односи со јавноста да ги добијат:
Нада Лутвикадик Фочо, ПР менаџер во БХ Телеком и Алмедина Порча, шеф на Одделот за односи на Општина Стари Град Сараево; Марина Буразар, директор за корпоративни комуникации во INA; Џо Кемпен, директор на корпоративните комуникации во Хрватска пошта; Наташа Трслич Штамбак, директор на агенцијата Grayling од Хрватска; Аленка Јакомин, виш советник на агенцијата Pristop и Јернеј Смисл, менаџер за корпоративни односи во Пивара Laško Union Словенија; Наташа Ѓурѓевиќ, раководител на Одделот за комуникации на General осигурување; Бранка Цониќ, директор на ПР агенцијата New Moment New Ideas; Милица Стефановиќ, менаџер за односи со јавност на Кока-Кола Србија и Ивана Ѓуриќ, раководител на Оделот за комуникации во Министерството за европски интеграции на Србија; Вук Вујновиќ, генералниот секретар на SEECОМ, Нада Павичевиќ, ПР менаџер во електродистрибутивниот систем на Црна Гора и Звездана Олуиќ, раководител на ПР и маркетинг во Унијата на работодавачи на Црна Гора; , Олга Подоинитсина, член на Управниот одбор на VTB Capital и Ксенија Реизхевкаја, директор за комуникации во организацискиот одбор на Зимските олимписки игри во Сочи во 2014 година од Русија, Симон Џонс, директор на Westco и претседател за комуникации за локалната управа на Велика Британија; Флоренс Рансон, директор за комуникации на FoodDrinkEurope од Белгија; Андрас Станислав, потпретседател на CIPR и HuPRO од Унгарија; Јирген Ганголи, директор на гаенцијата Skills од Австрија; Кристијан Спахр, директор на Оделот за односи со медиумите во Институтот на Фондацијата Конрад Аденауер од Германија и Зехра Гунгор, поранешен претседател на IPRA и сопственик на агенцијата Stage PR од Турција.
PRO PR Awards, доделува и посебна награда во категориите Vision City и Vision Manager, кои се доделуваат на градот, односно менаџерот од земјата домаќин на PRO PR конференцијата. Овогодинашните добитници во споменатите категории се градот Нови Сад и Андреј Јовановиќ, генерален директор на компанијата “Мои брендови”.
Овогодинешниот добитник на престижната награда за животно дело PROPR Infigo Award е Марија Вичиќ, директор за корпоративни комуникации на I&F McCann Група.
Признанијата PRO PR Awards вклучуваат и уникатни статуетки кои за оваа прилика ги изработија студентите на Академијата за уметности во Нови Сад.