Синоќа на официјалниот веб сајт на Effie, беа објавени победниците и финалистите на глобалните Effie награди за 2015 година.
На 18-ти мај, на Гала вечера во Лондон, огласувачите и агенциите од целиот свет ќе бидат свечено промовирани за нивните достигнувања и најдобри кампањи.
Effie наградите се доделуваат за најважните достигнувања во маркетинг комуникациите > идеи што функционирааат!
Глобалните Effie награди се доделуваат за идеи што успешно функционирале во најмалку четири земји и два или повеќе светски региони. Победниците беа избрани после две ригорозни рунди на оценување во повеќе градови низ светот. Топ глобални маркетери се собраа во Сингапур, Сан Паоло, Лондон и Њујорк за да ги одберат најефикасните маркетинг комуникациски проекти на годината.
Одбраните победници имаа спроведено успешни кампањи кои ја постигнаа својата цел и очекуваните резултати, остварувајќи надпросечни достигнувања.
Global Winners :
1. ALWAYS
Наслов на кампањата: Always #LikeAGirl
Клиент: P&G
Агенции: Leo Burnett Worldwide*, Leo Burnett Toronto*, Leo Burnett London, MSL Group, Starcom MediaVest Group
* водечка агенција
2. JAGUAR
Наслов на кампањата: Good to be Bad
Клиент: Jaguar land rover
Агенции: Spark44*, MindShare*
* водечка агенција
3. NIKE FOOTBALL
Наслов на кампањата: Risk Everything Nike Global Footballl
Клиент: Nike
Агенции: Wineden-Kennedy, Mindshare Portland, Passion Pictures.
* водечка агенција
Finalists
1. Axe (Наслов: Axe Peace, Make Love not War).
2. PlayStation (Наслов: PS4 Launch – This is for the players)