Основани во 1987 година, наградите Epica претсуватваат единствениот награден фестивал во светот во кој главниот збор го имаат новинарите што ја покриваат маркетинг индустријата, дизајнот и огласувањето, потпомогнати од нивните колеги во разни области – од автомобилизмот, до модата и продукцијата.
Овогодинешните резултати беа соопштени на крајот од минатата недела, по официјалната наградна церемонија која се одржа онлајн и на која беа доделени главните награди.
Главната Grand Prix награда во категоријата “Responsibility” беше доделена за кампањата “The Last Photo” од агенцијата Hope&Glory PR од Обединетото Кралство, создадена за клиентот CALM.
Во категоријата “PR”, главната награда беше доделена на агенцијата McCann New York за кампањата “The Brake Room”, создадена за брендот Chick-fil-A. Истата агенција ја освои и главната награда во категоријата “Design”, и тоа за кампањата “ADLAM: An Alphabet to Preserve A Culture” за клиентот Microsoft.
Главната награда во категоријата “Innovation” беше доделена на агенцијата VML од Холандија за кампањата “The Mammoth Meatball”, наменета за клиентот Vow.
Во категоријата “Digital”, жирито одлучи дека најдобра била кампањата “Where To Settle” од агенцијата McCann Poland за клиентот Mastercard.
Главната Grand Prix нарада во категоријата “Film” отиде во рацете на агенцијата SIX Inc од Јапонија, за кампањата “Train Of Memories” за клиентот Sotetsu Holdings.
Годинава не беше доделена Grand Prix награда во категориите Media и Print, бидејќи жирито одлучи дека ниту еден од пријавените проекти не отскокнува во квалитет во однос на конкуренцијата.
Сумирајќи ги резултатите, за најуспешна „Агенција на годината“ беше прогласена агенцијата McCann New York, додека пак нивната матична агенциска мрежа McCann Worldgroup го доби признанието за „Мрежа на годината“.
Учесници по земји
Најголем број пријавени проекти на овогодишните Epica Awards пристигнале од Канада (296), по што следуваат Германија (202), Франција (138), САД (126) и Обединетото Кралство (125). Во однос на агенциските мрежи, Publicis, McCann Worldgroup, Dentsu и VML (новокомбинираната VMLY&R и Wunderman Thompson) биле особено добро застапени.
Резултати по земји
Агенциите од Германија се покажале како најуспешни на овогодишниот натпревар со 53 наградени проекти, вклучувајќи 8 златни и 25 сребрени награди. Зад нив следуваат Канаѓаните со 58 наградени проекти, вклучувајќи 5 златни и 21 сребрени награди. Ранг-листата на петте најуспешни земји го комплетираат Велика Британија, Франција и САД.
Сите детали за овогодинешните Epica Awards и целосната листа на победници по категории и поткатегории се достапни на следниот ЛИНК.