Home » Во фокусот » Објавени резултатите од глобалниот Effie индекс за 2016 година

Објавени резултатите од глобалниот Effie индекс за 2016 година

Effie Worldwide ги објави резултатите од глобалниот Effie индекс на ефикасност кој ги препознава и ги рангира најуспешните глобални, регионални и локални маркетинг агенции, огласувачи и брендови чии маркетинг активности постигнале најдобри резултати на пазарот.

effie index 2016

За најефикасен бренд, но и огласувач на глобално ниво прогласена е Coca-Cola, односно Coca-Cola Company, а Ogilvy&Mather е најефикасна агенциска мрежа на светот. Effie Index е направен врз база на повеќе од 3000 финалисти и победници на глобалните и националните Effie натпреварувања одржани во период од 01.01.2015 до 31.12.2015 година.

Речиси 50 години Effie претставува златен стандард за ефикасност, па поради тоа не е чудно што Effie индексот, сега веќе шеста година по ред, се профилира како клучен критериум за успех во нашата индустрија“, изјави по повод објавата на Effie индексот, Neal Davies, претседател и CEO на Effie Worldwidea.

Top_1_Global3_Square

Од агенциите во регионот (Македонија, Хрватска, Грција, Србија, Словенија, БиХ, Албанија, Црна Гора, Косово и Бугарија ) најдобро котира словенечката Пристоп а потоа следуваат Imago reklamna agencija од Хрватска и Публицис од Словенија.

Од Македонија на листата единствено котира Публицис Скопје со поените добиени на Effie Словенија за кампањата “Одобрено од мајките“.

За да има повеќе агенции на Effie индексот потребно е и во Македонија да биде организиран национален Effie избор кој ќе оддаде призание на најефикасните комуникациски проекти кои на тој начин ќе добијат и поголема промоција пред пошироката светска јавност.

Детален распоред на сите огласувачи, агенции и брендови, можете да пронајдете на интернет страницата: www.effieindex.com.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365