Компанијата Razer креираше облека која што содржи 88% рециклирана пластика, а материјалите претходно беа отстранети од морињата и океаните ширум светот.
Новата модна линија е дел од напорите за подигнување на свеста за зачувување на животната средина и свртување на вниманието на фактот дека секоја година околу осум милиони тони пластика завршуваат во океаните.
Пластичниот отпад влијае на глобалното затоплување, но и на живиот свет во морињата и океаните, бидејќи се` поголем број на животни страдаат како резултат на загадувањето.
Компанијата Razer користи околу еден килограм рециклирана пластика за секое парче облека, а бројот на артикли е ограничен, поради што цената е малку повисока од вообичаено и се движи од 149 долари, колку што чини еден дуксер, до 49 долари, колку што е потребно за качкет.
Иако многумина се шегуваат со гејмерската облека на Razer, факт е дека тајванскиот гигант прави напори да ја направи планетата подобро место за живеење. Ова не е прв пат да се фокусира на еколошки производи, а неодамна беше најавена сламка што може да се користи повеќе пати, како дел од иницијативата Go Green with Razer. Во океаните има повеќе од милијарда пластични цевки, така што оние што можат да се користат повеќе пати, секако влијаат на решавањето на овој проблем.