Home » Во фокусот » Обложувалниците доминираат меѓу спонзорските договори во Премиер Лигата

Обложувалниците доминираат меѓу спонзорските договори во Премиер Лигата

Новата сезона во англиската фудбалска Премиер Лига започна изминатиов викенд, а девет од дваесетте фудбалски тимови кои се натпреваруваат во лигата рекламираат обложувалници или коцкарници на своите дресови, во контраст со претходните сезони кога електронски компании доминираа во спонзорските договори.

Овогодишната сезона започна со натпреварот помеѓу екипите на Манчестер Јунајтед и Лестер во петокот, при што главниот спонзор и на двата тима доаѓа од друга држава.

Манчестер Јунајтед, најуспешниот тим во англискиот фубал, на дресовите го носи логото на американскиот автомобилски бренд Chevrolet, додека пак шампионите од 2016 годин Лестер се спонзорирани од King Power, водечкиот тајландски ланец на фришопови.

И двата примери ја покажуваат глобалната популарност на англискиот фубал и желбата на компаниите да бидат поврзувани со светски познати клубови и играчи.

Единствениот домашен спонзор во Премиер Лигата оваа сезона е телекомуникациската компанија Virgin Media која има склучено спонзорски договор со екипата на Саутемптон.

За разлика од денес, пред 20 години спонзорските договори во Премиер Лигата главно беа доминирани од англиски и интернационални компании од сферата на електрониката (вклучувајќи и еден интересен случај во кој Sanderson Electronics спонзорираше два тима – Шефилд Венсдеј и Саутемптон). Во 1998 години, ниту еден премиерлигашки тим не беше спонзориран од обложувалница, а првиот таков случај беше во 2002 година кога екипата на Фулам склучи договор со Betfair.

Оттогаш, бројот на спортски обложувалници и коцкарници кои спонзорираат фубалски клубови драстично се зголеми, а врвот во Премиер Лигата беше достигнат во сезоната 2016/2017, кога 10 од 20 клубови беа спонзорирани од некоја обложувалница или казино.

Минатата година, заменик-лидерот на Лабуристичката партија Том Ватсон изрази загриженост поради доминацијата на коцкарските и обложувачки брендови во спортските спонзорства и повика на нивна забрана, бидејќи, како што кажа, „ја потпалуваат коцкарската зависност“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365