Од денеска официјално со работа стартува порталот Newsroom.mk, кој како што во својот воведен текст вели уредникот Гоце Трпковски ќе се стреми “посветено да служи на јавниот интерес, без да лови вештерки, без да навредува и без да пласира шунд-содржини“.
Новинарскиот тим е составен од добро познати новинарски имиња со претходни работни искуства во медиуми како Вест, Утрински весник, Нова Македонија, Факултети.мк, Призма итн.. а покрај уредникот Трпковски го сочинуваат и Наташа Илиевска-Таневски, Емил Златков, Антонија Поповска, Валон Абдулхамиди, Александра Томиќ, Игор Смилевски и Бојана Нојиќ.
Како издавач на порталот стои компанијата ВТ Медиа плус дооел од Тетово, чиј основач и управител е Трипун Крстевски.