Home » Во фокусот » Од денеска стартува со работа порталот Newsroom.mk

Од денеска стартува со работа порталот Newsroom.mk

Од денеска официјално со работа стартува порталот Newsroom.mk, кој како што во својот воведен текст вели уредникот Гоце Трпковски ќе се стреми “посветено да  служи на јавниот интерес, без да лови вештерки, без да навредува и без да пласира шунд-содржини“.

Новинарскиот тим е составен од добро познати новинарски имиња со претходни работни искуства во медиуми како Вест, Утрински весник, Нова Македонија, Факултети.мк, Призма итн.. а покрај уредникот Трпковски го сочинуваат и Наташа Илиевска-Таневски, Емил Златков, Антонија Поповска, Валон Абдулхамиди, Александра Томиќ, Игор Смилевски и Бојана Нојиќ.

Како издавач на порталот стои компанијата ВТ Медиа плус дооел од Тетово, чиј основач и управител е Трипун Крстевски.

 

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365