Британскиот ланец на супермаркети Waitrose ги слави своите партнери, фармери и добавувачи во новата Божиќна кампања насловена “It’s Beginning to Look a Lot Like Christmas” („Почнува да личи многу на Божиќ“).
Едноминутната реклама го прикажува високото ниво на грижа и посветеност што фармерите и добавувачите ги вложуваат во квалитетот на храната која се продава во супермаркетите на Waitrose во текот на целата година.
Спотот ги илустрира ледените услови во кои работат земјоделците во текот на зимските месеци, деликатната задача на пчеларството, па дури и вниманието на деталите кога станува збор за бербата на земјоделски култури.
„Божиќ е посебен период во годината, а не зборуваме доволно често за времето и напорот што нашите партнери и нашите бројни земјоделци, одгледувачи и производители го влужуваат правејќи го денот магичен за нашите клиенти. Затоа, решивме дека грижата, напорната работа и посветеноста на нашите добавувачи и партнери го заслужија центарот на вниманието во овогодинешната кампања бидејќи, на крајот на денот, не можеме да го славиме Божиќ без нив“ – истакнува Ема Исак, маркетинг директорка на Waitrose.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Adam & Eve/DDB.