Објавена програмата на популарниот фестивал на креативноста и комуникациите – по интригантниот “lineup” во главната сала, темите за кои ќе разговараат локалните експерти никогаш не биле поактуелни
Фестивалски сали полни до максимум, висококвалитетни и актуелни теми, глобални лидери и полнење на креативните батерии во пролетната атмосфера на Lone Hotel во Ровињ, меѓу регионалните лидери од светот на пазарните комуникации – подготовките се во полн ек за деветтото издание на „Денови на комуникациите“, кои од 20. до 23. април ќе собере неколку илјади учесници. Сите комуникатори ќе бидат заинтригирани од веста дека е објавен официјалниот распоред на фестивалот, а особено фактот дека и овојпат можат да учествуваат во цела серија интересни дискусии на теми од големо значење за индустријата – меѓу другото и во еден од најинтерактивните фестивалски формати наречен „Пиво по програмата (ППП)“ поддржан од брендот Ožujsko pivo!
ИЗДИГНУВАЊЕТО И ПАДОТ НА КРИПТОВАЛУТИТЕ
Што се случи со криптовалутите во 2022 година? Што се случува денес? Каде погрешивме и што треба да правиме понатаму? Во дигиталниот простор кој континуирано се менува, се шири и отвора нови можности, ништо не треба да се остави на случајноста. Без разлика дали станува збор за инвестиции, продажба или чиста љубопитност на учесниците, во дискусијата на IAB Хрватска со наслов „PPP powered by Ožujsko pivo: The Rise and Fall of Crypto“, која на 22 април ќе ја води Домагој Вуковиќ (CEO, Human Interaction), ќе бидат вклучени некои од најистакнатите домашни криптокомуникатори: Тања Бивиќ Планкар (претседател, Blockchain Alliance Europe), Лука Сучиќ (партнер, Meta Change Capital), Влахо Хрдало (адвокат, Hrdalo & Krnic / претседател на Здружението за блокчејн и криптовалути UBIK) и Никола Шкориќ (извршен директор, Electrocoin) – кои што ќе поттикнат прашања, но ќе дадат и важни одговори.
ИНТЕРНЕТ НА СКРШЕНИТЕ НЕШТА
Живеењето во свет во кој паметните телефони се попаметни од луѓето, каде што се раширени искривените и лажни вести и каде личните податоци се продаваат наголемо, веќе стана малку заморно. Од пронаоѓањето на тркалото до развојот на интернетот, сведоци сме како технологијата го револуционизира начинот на кој живееме и работиме. Затоа отсекогаш се гледало на неа како на идеално решение за многу глобални проблеми, а токму оваа тема ќе биде обработена на 21 април во дискусијата на IAB Croatia под наслов „PPP powered by Ožujsko pivo: Internet of Broken Things!“ Во интересниот разговор што ќе го модерира Јан Штедул (директор за развој, Mindsmiths), заедно со учесниците на фестивалот ќе му се придружат и Иван Бешлиќ (ко-основач и генерален оперативен директор, Sofascore), новинарката Антонија Мандиќ, Јошко Мрнџе (раководител за јадранскиот регион во Google) и Дубравка Стефанац Виновршки (директор за корпоративни комуникации во A1 Hrvatska), присутните ќе откријат зошто ѝ доверуваме на технологијата толку високи очекувања и дали таа навистина може да ги реши нашите проблеми, особено во ерата на Интернетот, кој влијае на секој аспект на нашите животи.
ИЗВЕШТАЈОТ “SNOWDEN”
По предавањето на Едвард Сноуден, кој преку видео-врска ќе им се придружи на учесниците на фестивалот DK2023 на десетгодишнината од откривањето на системот за масовно следење кој го шокираше светот, сите секако ќе сакаат да коментираат што слушнале со своите колеги и да ги споделат нивните согледувања, набљудувања и грижи. Експерти од индустријата ќе се погрижат да извлечат максимум од темата на 20 април: модератор на разговорот ќе биде Кристина Лацо (член на Одборот на HURA и управен партнер во “Komunikacijski ured Colić, Laco i partneri”), а на неа ќе ѝ се придружат уште и Ален Делиќ (потпретседател на Хрватското здружение на безбедносни менаџери / генерален директор за информатичка безбедност, Spotme) и Данијел Лијовиќ (заменик главен уредник на порталот Vecernji.hr на Večernji list). Во разговорот наречен “PPP powered by Ožujsko pivo: The Snowden Report” ќе се анализираат зборовите на Сноуден, а особено неговите постапки, во контекст релевантен за секој кој се грижи за приватноста, заштитата на податоците, слободата на говор и комуникациите.
Секој комуникатор знае дека ја сака комуникациската индустрија онолку колку што таа (по)често му оди на живци и дека ништо не е црно-бело, освен визуелниот идентитет, како што покажува од година во година шарената комуникациска заедница која веќе со години ја создава посебна енергија на Денови на комуникациите. „Пиво после програмата“ е уникатен формат кој ги поттикнува сите учесници да се вклучат во разговор во пријатна, неформална атмосфера со колегите, покажувајќи дека нема глупави прашања или лоши одговори – а бесплатното пиво е само бонус.
И претходно познат по својата единствена фестивалска понуда која излегува од вообичаеното и поттикнува промени, овој фестивал со својот нетипичен пристап сака да продолжи да ги освојува срцата на сите оние кои се желни за критичко размислување, нови пристапи и иновативни технологии. Пријавувањето за учество на еден од најдобрите светски настани, потврдено со двојната номинација на британските Association Excellence Awards, е овозможено преку веб-страницата http://www.danikomunikacija.com/.