Home » Во фокусот » Oд недела влегува во сила забраната за емитување платено политичко рекламирање

Oд недела влегува во сила забраната за емитување платено политичко рекламирање

aaavmu logo

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги известува сите медиуми дека во недела, 20 декември 2015 година, во 00:00 часот, настапува забрана за емитување платено политичко рекламирање на програмите на радиодифузерите, во печатените медиуми и во електронските медиуми (интернет портали).

Забраната е пропишана во член 82 став 1 од Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија“ бр. 196/15) и важи до денот на почетокот на изборната кампања за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат во 2016 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365