Познатиот мексикански бренд на пиво Corona лансираше нова реклама за британскиот пазар во која ја истакнува „стопостотнота природност“ на својот пијалак, односно на состојките од кои тој е создаден.
Спотот претставува спој од повеќе снимки на различни природни водени површини во движење – водопади, реки, па и кондензирани капки кои паѓаат од лисјата на растенијата – кои се надоврзуваат една на друга во еден континуиран scroll од 30-тина секунди.
Притоа, филмот отпочнува и завршува со пивото Корона, акцентирајќи ја неговата нераскинлива поврзаност со природата. „Само свет како овој, може да даде пиво како ова“ – е пораката која се истакнува крајот од спотот.
Рекламата е создаден со помош на креативната агенција Wieden + Kennedy.