Натпреварувањето на најдобрите медиски стратегии во годината, Sempler, која во рамки на 16 конференција за медиумски трендови SEMPL го организира Media Pool, во соработка со Marketing magazine, оваа година ќе се одржи по дванаесети пат. Медиските стратези, клиенти и медиуми, кои на натпреварувањето ќе ги претстават своите најдобри медиски проекти и овај пат ќе се натпреваруваат за златната награда Sempler во шест натпреварувачки категории и главната награда Veliki Sempler за најдобра медиска стратегија за изминатата година.
Членовите на жирито за наградата Sempler секоја година се угледни медиско-комуникациски експерти од јадранскиот регион. Овогодинешното жири ќе биде предводено од Весна Богдановиќ, од сараевската агенција Via Media. Освем неа, пријавените медиски проекти ќе ги оценуваат и: Вања Блуменшајн, ко-сопственик и кретивен директор во хрватската огласувачка агенција Señor, Марина Чулиќ Фишер, извршен партнер во хрватската агенција Dialog komunikacija и главна извршна директорка на дигиталната агенција Proximity Zagreb, Сашо Димитриевски, партнер во словенската гаенција Pristop, Полона Јаворник, извршна директорка на медиумските агенции OMG и OMD Slovenija,Александра Крегар Брус, маркетинг директор во Atlantic Group, Марио Ловриќ, извршен директор на медиа агенција Universal McCann од Загреб, Александар Познаниќ, маркетинг директор во српската компанија Jaffa Crvenka и Иван Станковиќ, сопственик и директор на српската огласувачка агенција Communis DDB.
Медиските стратези, клиенти и медиуми може да ги пријават своите кампањи во следните шест натпреварувачки категории:
A – Стратешка употреба на медиа миксот
B – Иновативна употреба на комуникацискиот канал
C – Најдобра таргетирана кампања
D – Најдобра искуствена кампања
E – Најдобра употреба на дигиталната околина
F – Најдобра кампања на социјалните мрежи.
Жирито, во оценувањето на пријавените кампањи, ќе применува пет основни критериуми и тоа: идејната основа на медиската кампања, одговарачко таргетирање и разбирање на потрошувачите, споредба меѓу целта и остварените резултати (ROI), иновативност во барањето (нови) комуникациски канали и степен на активација и мотивација на целната група низ медиската стратегија и реализација.
“Ефикасната медиска стратегија мора да го стесни фокусот на маркетингот, идеалниот купувач да го запознае до најмалиот детал, да го позиционира бизнисот и да привлечи медиумско внимание. Исто така, употребата на тактики на брендирање на социјалните мрежи, бидејќи најуспешните брендови со потрошувачите постојано стигнуваат преку дигиталниот свет. Во стратегијата треба да се биде доследен, да се има чувство за вистинска порака во вистински момент и покрај се’, да се следи, известува и оценува колку секоја активност е успешна. Одличната медиска стратегија мора да ги пронајде купувачите на место кеде што ќе ги изненади и поврзи” истакна Весна Бегановиќ, претседателка на жирито за Sempler наградите, за тоа какви се ефиксните медиумски стратегии.
Пријавувањето на кампањи за натпреварувањето Sempler ќе биде отворено од 1 септември 2014 натаму, и тоа на интернет страницата на конференцијата SEMPL (www.sempl.si).