Фудбалската репрезентација на БиХ, ги покажа своите актерски способности, а пред сè играчот од средниот ред Миралем Пјаниќ, кој има централна улога во новата реклама за БХ Телеком.
Во видеото, фудбалерите покажуваат дека не можат без телефон и интернет, дури и пред почетокот на самиот натпревар. Во спотот се појавува и селектортот на репрезенатацијата Роберт Просинечки, кој “ги критикува” своите играчи за користењето на мобилните телефони.
Откако на сите им ги одзеде телефоните, најтешо помина со Пјаниќ, кој беше добро снабден со мобилни телефони.