Компанијата која ги произведува познатите слатки производи во соработка со Fox мрежата направи неколку фантастички кратки хорор видеа во очекување на овогодишниот Halloween
Се ближи Ноќта на вештерките или популарниот Halloween, па веќе стигна и очекуваниот наплив на реклами со хорор тематика.
Но, компаниите Fox и Mars отидоа чекор понатаму и навистина ги почестија љубителите на хорор филмови со фантастични кратки хорор спотови во рамките на кампањата „Bite Size Horror“. Овие кратки хорор изданија доаѓаат со порака на еден од брендовите на компанијата Mars (Skittles, M&Ms, Starburst, Snickers), и слободно можеме да кажеме дека се подобри од некои од долгометражните хорор филмови кои имавме можност да ги погледнеме последните години, па доколку се љубители на овај жанр, задолжително да ги погледнете.
Засега се објавени четири кратки филмови со одлична режисерска и продукциска вредност, што дефинитивно ги издвојува од масата на реклами инспирирани од Halloween.
Skittles “Floor 9.5”
Режија: Toby Meakins
Сценарио: Simon Allen
Улоги: Robin Berry, Georgina Campbell, James Cunningham
https://www.youtube.com/watch?v=Kz1FOqr7828
M&Ms “The Road”
Режија: Jack Bishop, Justin Nijm
https://www.youtube.com/watch?v=PUCUnQdSMF4
Starburst “Replacement”
Режија: Christopher Leone
Улоги: Jack McGraw, Aidan McGraw
https://www.youtube.com/watch?v=X32_Bcj16v4
Snickers “Live Bait”
Режија: Andrew Laurich
Сценарио: Gabriel Miller, Andrew Laurich
Улоги: Brian Donahue