Home » Во фокусот » Одлични хорор видеа во пресрет на Ноќта на вештерките во новата кампања на Mars

Одлични хорор видеа во пресрет на Ноќта на вештерките во новата кампања на Mars

Компанијата која ги произведува познатите слатки производи во соработка со Fox мрежата направи неколку фантастички кратки хорор видеа во очекување на овогодишниот Halloween

Се ближи Ноќта на вештерките или популарниот Halloween, па веќе стигна и очекуваниот наплив на реклами со хорор тематика.

Но, компаниите Fox и Mars отидоа чекор понатаму и навистина ги почестија љубителите на хорор филмови со фантастични кратки хорор спотови во рамките на кампањата „Bite Size Horror“. Овие кратки хорор изданија доаѓаат со порака на еден од брендовите на компанијата Mars (Skittles, M&Ms, Starburst, Snickers), и слободно можеме да кажеме дека се подобри од некои од долгометражните хорор филмови кои имавме можност да ги погледнеме последните години, па доколку се љубители на овај жанр, задолжително да ги погледнете.

Засега се објавени четири кратки филмови со одлична режисерска и продукциска вредност, што дефинитивно ги издвојува од масата на реклами инспирирани од Halloween.

Skittles “Floor 9.5”

Режија: Toby Meakins

Сценарио: Simon Allen

Улоги: Robin Berry, Georgina Campbell, James Cunningham

M&Ms “The Road”

Режија: Jack Bishop, Justin Nijm

Starburst “Replacement”

Режија: Christopher Leone

Улоги: Jack McGraw, Aidan McGraw

Snickers “Live Bait”

Режија: Andrew Laurich

Сценарио: Gabriel Miller, Andrew Laurich

Улоги: Brian Donahue

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365