Под влијание на пандемијата, потрошувачите се прилагодија на новото опкружување и создадоа нови навики во однесувањето, купувањето и конзумацијата на медиумите. По пандемијата, некои од овие навики ќе исчезнат, но некои ќе продолжат да се практикуваат или дури и ќе се зајакнат за да им помогнат на луѓето да се справат во новите прилики. Новата студија на агенцијата Поларис, која работи во рамките на I&F Grupа, која е специјализирана за анализа на податоци, бизнис консалтинг и предвидувања на пазарот, открива кои однесувања ќе продолжат да живеат после КОВИД – 19 и како брендовите можат да им пристапат на потрошувачите имајќи ги во предвид овие промени.
Еве само неколку од нив:
Е-гејминг
Бројот на луѓе кои играат онлајн игри продолжи да расте за време на карантинот, особено во категоријата е-спорт. По вонредната состојба, времето поминато со игри ќе се намали затоа што луѓето се враќаат на своите редовни обврски, но бројот на корисници ќе расте, што е одлична можност за брендовите. Клучно е да се разберат мотивите и што е она во што учесниците особено уживаат во играта, со цел брендот со своето присуство да го направи целокупното искуство уште поквалитетно и подобро.
Виртуелен живот
За време на карантинот, многумина забавата ја наоѓаат во онлајн светот. Виртуелните тури и стриминзи во живо станаа особено популарни, а по изолацијата, дигиталните искуства ќе бидат решението да се избегнат големи собири. Брендовите можат да ги искористат моментите на релаксација дома со тоа што ќе понудат онлајн содржина во партнерство со институции од областа на уметноста, филмот, музиката … Со помош на технологијата, на потрошувачите е возможно е да им се се даде чувство дека брендовите што ги сакаат прават многу работи достапни.
Направи сам
Многу мали бизниси не беа достапни за време на вонредната состојба. Луѓето се потпираа на алтернативни решенија, многу често ослободувајќи ја нивната креативност, а карантинот ни покажа колку можеме да бидеме снаодливи. Иако ќе се вратиме на старите рутини за некои работи, во некои нови вештини што ги стекнавме, ние ќе продолжиме да уживаме дури и по карантинот. Со своите активности, брендовите дополнително можат да ја поттикнат креативноста на потрошувачите и да ја подигнат на повисоко ниво. Понудата на пакувања и подароци кои ќе го олеснат и зајакнат нашето хоби, како и корисни содржини преку туторијали, се некои од добрите правци.
Онлајн купување
Интернет трансакциите се зголемија во текот на март, а нивото на раст во развиените европски земји дури и се зголеми за трипати во однос на периодот пред кризата. Речиси 40% од онлајн купувањето на потребните работи беше прва онлајн купопродажба. После кризата, онлајн трансакциите ќе продолжат да растат, особено во категориите на козметика, шминка и производи за хигиена, но традиционалното купување сепак ќе има предност во набавката на храна и пијалоци.
Категориите во кои расте е-трговијата не треба да ја пропуштаат оваа можност, а сега е вистинското време за иновации, со цел брендовите да бидат пред трендот и да им понудат ново искуство на потрошувачите.
Враќање кон природата и одржливоста
За време на кризата, многумина започнаа да го преиспитуваат својот однос кон животната средина и природата. Овој аспект се очекува да биде уште поважен за потрошувачите, кои повеќе ќе гравитираат кон локалното производство за да се минимизира потенцијалната изложеност на КОВИД – 19. Примената на практиките за поттикнување на одржливоста ќе биде уште поценета од страна на потрошувачите, а на брендовите им останува на автентичен начин да ги поддржуваат иницијативите поврзани со одржливоста, здравите одлуки и враќањето кон старите, основни вредности, со цел понатамошно поврзување со нив.
Онлајн Прес
Онлајн пресовите беа едни од водечките медиуми за време на карантинот. Светската здравствена криза ја стимулира потребата за информации и увид во постојаните промени и случувања. Употребата на овие дигитални платформи ќе продолжи и по пандемијата, а брендовите треба да бидат присутни во овој медиум обезбедувајќи релевантни содржини, а не заобиколувајќи ги темите кои сега се важни за потрошувачите.
Автор: Жељка Мичиќ, Reasearch Manager во агенцијата Polaris