Највлијателните ТВ лидери повторно пристигнаа во Дубровник на ексклузивни проекции, настани за вмрежување, панел сесии и презентации
Најголемиот настан на ТВ индустријата, лоциран во еден од најфасцинантните хрватски крајбрежни градови, повторно ги собра своите врвни лидери. Најдобрите медиумски експерти, панелисти и клучни говорници пристигнаа во Дубровник за да разговараат за новите трендови, стратегии и промени во ТВ индустријата за деветтото издание на NEM Dubrovnik. Почнувајќи од вчера, а во наредните три дена, во Hotel Dubrovnik Palace ќе се одвиваат различни релевантни настани и можности за вмрежување.
Телевизискиот пазар NEM Dubrovnik, организиран од хрватската агенција за маркетинг и ТВ индустрија Mediavision, започна со состаноци и собири. Потоа следуваат настани за вмрежување во прекрасни ресторани – првиот ден го постави вистинскиот тон.
ZDF Studios, клучна компонента за продукција и дистрибуција на германската јавна радиодифузна куќа ZDF, беше домаќин на свеченото отворање на NEM Dubrovnik. Тие се специјализирани за имплементација на меѓународни копродукции, купување лиценци и тргување со брендовите од програмата на ZDF. Откако ги пречекаа присутните со пијалоци во опуштена атмосфера, Роберт Франке (потпретседател за Драма во ZDF Studios) и Мирела Настасе (директор за Драма во ZDF Studios), одржаа поздравен говор и на публиката ѝ претставија ексклузивна проекција на новата шпанска минисерија “Boundless” , која се фокусира на животот на револуционерниот истражувач Фердинанд Магелан. Серијата го следи првото епско патување кое ја променило перцепцијата на човекот за светот. „Таков иконичен откривач и морепловец како Магелан е сам по себе бренд“ – посочи Роберт Франке. Серијата со висока продукција, која беше премиерно лансирана на Amazon Prime на 10 јуни, беше снимена во Доминиканска Република, Баскија, Мадрид и Севиља.
Пред проекцијата на серијата, публиката имаше можност да ја запознае Сузана Франк (директор за Драма во ZDF Studios) и актерите Гонсало Диниз и Николо Сени преку сесија за прашања и одговори, додека пак Мигел Менендез де Зубилага (извршен продуцент) се приклучи виртуелно. Алваро Морте (од серијата Money Heist) и Родриго Санторо (од Westworld) глумат во главните улоги.
„Тоа беше вистинската одлука за продуцентите да останат верни на потеклото на приказната и да ја остават на јазикот што тие луѓе го зборуваа. Многу работи инаку се губат во преводот и губите многу од перформансите. Особено во денешно време со сите платформи за стриминг кои носат содржина на мајчин јазик, постои многу поголема прифатливост кај публиката навистина да се цени оригиналниот јазик. Секогаш претпочитаме да имаме нешто на мајчин јазик бидејќи е поавтентично и подобро ќе резонира кај публиката“, објасни Роберт Франке.
Првиот ден на NEM Dubrovnik 2022 заврши со забава на тераса со поглед на Јадранот, со храна и пијалоци, разговори и танцување. Го воспостави расположението за останатите возбудливи панели, говорници и настани за вмрежување што се очекуваат во следните денови. Повеќе информации за NEM Dubrovnik можете да се најдат на официјалната програма, како и списокот на потврдени спонзори и компании кои присуствуваат.