Од Универзитетот во Ексетер Англија (http://www.exeter.ac.uk/) изработија студија на преку 10.000 луѓе и дошле до заклучок дека луѓето се посреќни ако живеат во зелени средини. Животот во средина каде нема загадување, нема бучава, а има многу зеленило, создава мир и хармонија. Светски тренд е да се живее надвор од урбаната џунгла. Скопје е еден од најзагадените градови во Европа, затоа се поголем број на Скопјани се решаваат да живеат на падините на Водно или неговата околина. Градското јадро е сè повеќе урбанизирано, пренатрупано, каде речиси и да нема паркови и шеталишта, луѓето бараат место за живеење каде ќе има почист и посвеж воздух, каде ќе можат почесто да го минуваат времето надвор и да бидат вклучени во некаква физичка активност.
Подолго време минато во чиста животна средина го зголемува задоволството од сопствениот живот и не прави помалку агресивни и анксиозни. Чувството кое го дава зеленилото по својот придонес кон индексот на среќата е големо. Други експерименти на оваа тема покажуваат дека зеленилото го освежува и мозокот. Дури и самото гледање зеленило преку прозор го намалува стресот и ја подобрува концентрацијата. Луѓе изложени на природни пејсажи имаат подобро внимание и концентрација отколку оние кои пред себе гледаат урбани контури.
Големата загаденост, секојдневниот стрес влијаат луѓето се повеќе да сакаат да живеат подалеку од градската гужва, во чиста еколошка средина, и со тоа да го заштитат сопственото здравје, кое е најголемиот луксуз денес. Мирот и хармонијата се бесценети! Дополнително цените по станбен квадрат се многу пониски надвор од централното градско јадро што е мотив плус семејствата сериозно да размислуваат за дом во природа. А, ако домот е оддалечен само 6,5 км од центарот на Скопје, во незагадена средина, тогаш семејната приказна може да започне. Еве и предлог: Резиденцијален станбен комплекс во Сопиште, еве и како изгледа
За дополнителни информации или било какви прашања пишете на intersoft.doo@gmail.com или јавете се на: (02) 3227941, 3090204