„Официјално, летото почнува на 21 јуни. Неофицијално, тоа е кога ‘апостолките’ стануваат прифатлив дрес-код…“
Американскиот пивски бренд Coors Light ја лансираше својата нова летна кампања која го носи генијалниот наслов: “The Official Beer of Everything Unofficial” („Официјалното пиво на сé неофицијално“).
Во централниот спот на духовитата кампања, нараторот ги посочува неофицијалните моменти кои го означуваат почетокот на летната сезона, секако проследени со уживање во шише Coors Light. „Најдобрите работи во летото се неофицијални“ – заклучува рекламата.
Покрај главната реклама, кампањата е надополнета и со неколку пократки, 15-секунди спотови, кои се фокусираат на некои од специфичните неофицијални знаци на летото. Па така, во еден од спотовите, официјалниот фрижидер со пиво во продавница се третира како неофицијален клима уред за ладење.
Како дополнениа на различните видео спотови кои што ќе се емитуваат на телевизија и онлајн, кампањата исто така ќе вклучува и активности на социјалните мрежи, како и поставување на билборди и други форми на out-of-home реклами.
Кампањата е создадена и се реализира со помош на агенцијата Mischief @ No Fixed Address од Њујорк.