Агенциската мрежа Ogilvy ја унапреди Девика Булчандани на позицијата „Глобален претседател“. Таа се приклучи на компанијата минатата година, како глобална директорка за адвертајзинг и како генерална извршна директорка за Северна Америка.
Во улога на глобална претседателка на Ogilvy, таа ќе биде задолжена си сите пет деловни оддели на компанијата: адвертајзинг, односи со јавноста, искуство, здравство и развој и иновации. Булчандани истовремено ќе ја задржи и функцијата генерална извршна директорка за Северна Америка.
Доника Булчандани ќе биде задолжена да соработува со лидерите во глобалната мрежа на Ogilvy со цел да го продолжи „модернизирањето на капацитетите на агенцијата“, истовремено продолжувајќи да го „унапредува креативниот аутпут“ на агенциската мрежа.
„Верувам дека 2021 беше клучна година за нашиот тим. Јас сум возбудена за сите начини на кои ќе го надоградуваме нашиот моментум преку иновативни и ефективни креативни решенија кои ги инспирираат луѓето и брендовите да влијаат врз светот“ – посочи Доника Булчандани по повод нејзиното унапредување.