Агенциската мрежа Ogilvy, дел од групација на WPP, ја назначи Девика Булчандани како нов глобален генерален извршен директор, приклучувајќи се на растечката група деловни лидери со индиско потекло на чело на мултинационални корпорации.
Девика претходно беше глобален претседател и извршен директор на Ogilvy за Северна Америка. Таа го презема глобалното кормило од Енди Мејн, кој се повлекува од функцијата глобален извршен директор и ќе служи како виш советник до крајот на годината.
Во својата нова улога, Девика Булчандани ќе биде одговорна за сите аспекти на деловното работење на креативната мрежа низ 131 канцеларии во 93 земји низ светот, опфаќаји оддели за огласување, односи со јавноста, корисничко искуство, консалтинг и здравствена заштита.
„Девика е шампион на креативноста која носи страст, цел и бескомпромисен фокус кон генерирањето импакт врз сè што прави“ – истакна извршниот директор на матичната холдинг-компанија WPP, Марк Рид, по повод назначувањето на Булчандани.