Заклучоци од вебинарот DIRECT TALKS From Home 06: “Како ќе изгледаат медиумите после COVID19”
Во медиумите има огромен празен простор кој брендовите треба да го искористат и да се приближат до своите потрошувачи. Кампањите се враќаат, стабилизацијата на пазарот се очекува во мај, а останува на медиумите и агенциите да им обезбедат на брендовите соодветна мера на содржина каде огласувачите ќе сакаат да ја пласираат својата порака. Ова се заклучоците од шестиот по ред вебинар DIRECT TALKS From Home.
Учесници:
Предраг Рогановиќ, COO, Adria Media Group
Јелена Тушуп, Executive Editor, Nova.rs
Роберт Чобан, President, Color Press Group
Јасмина Копривица, General Manager, Internet group
Сретен Радовиќ, Publishing Director, Ringier Axel Springer
Разговорот го водеше: Милица Марковиќ, Corporate Communications Manager, DIRECT MEDIA United Solutions.
Исчекори во време на корона
Најмладиот учесник на вебинарот, порталот Nova.rs, кој започна со работа две недели пред прогласувањето вонредна состојба, може да се пофали дека го положи испитот за време на криза. Според Јелена Тушуп, сите 80 вработени, новинари и уредници се многу брзо технолошки обучени да работат од дома. „Новата нормалност за нас е единствената нормалност што ја познаваме. Брзо се прилагодивме и немавме никакви киксови и покрај некои драматични настани, како што е апсењето на наша новинарка среде вонредна состојба“, вели Јелена. Таа наведува дека, пред кризата, Nova.rs, создала концепт кој се разликува, а со кој сакаат да им дадат вредност на читателите.
„Излегуваме со овој концепт не само за да бидеме конкурентни, туку и да бидеме дополнителен извор на информации покрај сите останати сајтови. Покрај долгите и авторските текстови кои се доста читани, имаме повеќе од 10 колумнисти од сите индустрии, меѓу кои и Мира Фурлан, како и рубриката Култура со интервјуа, коментари и критики кои се обидуваме да ги развиеме, свесни дека во Србија, тоа не е вирална содржина“, вели Јелена.
Редакцијата на порталот Telegraf.rs ја препозна сериозноста на ситуацијата со корона вирусот и според Јасмина Копривица, проактивно реагираше со крирање на специјален дел за корона на насловната страница уште во првите денови, во исто време, опремувајќи ги сите текстови со мултиграфика која читателите ја сакаат.
„Сајтот порасна за неверојатни 60%. Се разбира, интересот за корона темата полека опаѓа, но повеќе се чита економскиот аспект на промените, вестите во Бизнис секцијата за тоа како луѓето ќе се враќаат на работа, како ќе се подели помошта до луѓето и стопанството, но и вестите за патувања и одмори и тоа сега е следната работа за која треба да размислуваме“, наведува Јасмина и додава дека полека се враќаме на нормални теми. „Секако дека новата нормалност ќе биде дека во наредните месеци, а можеби и години, ќе зборуваме за ковид и неговите последици како составен дел од нашите животи“, оценува Јасмина.
Color Press Grupa, како ветеран во медиумскиот бизнис, е обучена да се справи со ваквите кризни ситуации. „Работевме и во текот на 90-тите и за време на хиперинфлацијата, а во ’99 година кога започна бомбардирањето, за само неколку недели, почнавме да издаваме крстозбори, бидејќи сфативме дека луѓето ќе сакаат да ги решаваат. Кога се случи Ковид19, видовме каде води тоа и што треба да правиме“, вели Роберт Чобан. Според него, дел од вработените кои работат на магазините, работат од дома, а вработените кои работат на организирање на настани, се вработени во кол центарот за помош на стари лица во Нови Сад, кој го создаде Color Press, а на кој им се приклучија уште 140 волонтери. Неделниците ја намалија динамиката на објавувањето, изданијата кои излегуваат на месечно ниво, како Убавина&Здравје и Diplomacy&Commerce за прв пат се појавија во своите онлајн изданија. „Настаните ги префрливме онлајн, а на конференцијата имавме гостин-конгресмен од Охајо, кој никогаш не би дошол доколку имавме нормална конференција. Ги користиме сите предности на технологијата, комбинирајќи го Zoom и livestream на YouTube со сите придружни моменти, за да му дадеме на корисникот подобро искуство“, вели Роберт.
Иако вирусот корона направи многу лоши работи на пазарот, тој покажа дека и компанијата Ringier Axel Springer Србија е мобилна и дека како пазар сме подготвени да се мобилизираме. Според Сретен Радовиќ, пред коронавирусот биле донесени многу деловни одлуки, имало такви што немало да се случат без корона вирусот, а некои одлуки биле забрзани, како резултат на вирусот. „Лансиравме електронска претплата на печатените изданија Блиц и Блиц за жени, како една од деловните одлуки кои се дел од пошироката стратегија што ја спроведува нашата медиумска група. Исто така, го лансиравме и Блиц Премиум и спорд првичните реакции, тоа е одличен проект, каде претплатниците од дијаспората добиваат пристап до премиум содржини на сајтот Blic.rs и сите наши изданија во PDF формат. Како и сите други, многу работи моравме да промениме заради короната. 96% од вработените се распределени да работат од дома, постои поинаква комуникација кон пазарот, вработените, а за читателите се лансирани забележителни кампањи за подигнување на свеста преку порталите Blic.rs и Žena.blic.rs., наведува Сретен. Тој додава дека преку серијалот статии “Бизнис против корона“, а потоа и новиот серијал “Живот против корона“, на читателите им е овозможено да се консултираат со експерти и да читаат визии за пост-корона општество од реномирани автори.
Adria Media Group започна нови бизниси во најтешките моменти, а според Предраг Рогановиќ, плановите само малку се одложија поради короната. „Станува збор за кабловската телевизија Курир, која било предвидено да започне со емитување во март. Намерно потенцирам „кабловска“ затоа што без тој предзнак, кај нас секогаш имате големи очекувања од телевизија, од кои ние сигурно не бегаме, затоа што имаме ангажирано експерти кои работат на продукција на содржината. Во рок од еден месец откако започна кризата, вработивме 150 луѓе на глобално ниво и успеавме да ја организираме работата по примерот на моделот на еден азиски медиум, но во меѓувреме, сè префрливме за работа од дома. Паралелно со телевизијата, лансираме Огласник на 7-ми мај и мора да кажам дека бројот на реклами е веќе шестцифрен“, тврди Пеџа Рогановиќ.
Тој додава дека најмногу биле загрижени за печатеното издание на Курир, но ситуацијата покажа дека луѓето сакаат да го читаат тој формат на медиуми и понатаму, но дека постои проблем со приходите од огласувачите. „Вработените им веруваа на нашите одлуки и со заедничко разбирање бевме во можност да ги пробиеме сите планови“, рече тој.
Порака до брендовите
„Иако 2020 година започна навистина добро во однос на рекламирањето, видовме со оваа криза дека изворите на финансирање можат лесно да пресушат. Живееме од комерцијални кампањи, од нив исплаќаме плати – огласувачите и медиумите мора да бидат солидарни и да ја одржуваат таа врска што е можно поцврсто“, вели Јасмина Корпивица од Telegraf.rs.
Според неа, голем удар на дигиталните канали е откажувањето на спортските настани и пореметувањето во туристичката индустрија. „Се прилагодивме и започнавме да нудиме различни пакети со различни придобивки, не мислам само на гратиси, туку повеќе да им се објасни на огласувачите да продолжат со рекламирање, затоа што ангажманот на публиката е огромен и никогаш нема да биде толкав. Директните посети се задржаа и тоа се квалитетите за огласувачите. Пораката е: публиката им верува на медиумите, доаѓа на медиумите, бидете и вие таму. Најлесно е да се скратат буџетите и да се каже криза е, тие само треба да се намалат, оптимизираат, затоа што публиката е таму, на дигиталните канали. Јас и целиот мој тим очекуваме дека мај ќе биде подобар и веќе гледаме дека кампањите во голем обем се враќаат, па верувам дека пазарот ќе се опорави и ќе се врати во нормала“, оценува Јасмина.
Според Роберт Чобан, Color Press, како медиумски покровител на Олимпискиот комитет, ја откажа серијата настани “Одбројување до Токио“, но од друга страна ја започна кампањата „Рецепти од карантин“. Сфативме дека ќе имаат добар одзив, бидејќи многу луѓе поминуваат време во карантин и бевме во право, се појавија голем број учесници и спонзори, клиентите добро реагираа, затоа што сфатија дека тоа е вистинската мера на содржина која се однесува на нешто што е актуелно, а да е позитивна. Во една реченица, на нас медиумите останува да им понудиме содржина на клиентите која ќе биде прилагоден на ситуацијата, а од друга страна, да биде оптимистична и да зборува за позитивните моменти“, вели Роберт Чобан.
„Колку и да е рестриктивна оваа состојба и за медиумите и за огласувачите, таа сепак ни дава можност да експериментираме, а би сакала медиумите повеќе да експериментираат со спонзорирана содржина“, вели Јелена Тушуп од Nova.rs. Според неа, огласувачите сакаат да го промовираат производот преку содржина, а ова беше убава можност за брендовите, поддржувајќи содржина која е корисна за читателите и гледачите, а поврзана за актуелниот моментот, да се поприсутни на екраните и домовите, многу поелегантно и со појасно присуство. „Огласувачите многу ги сакаат социјалните мрежи и целокупниот маркетинг со инфлуенсери кој расте, но во оваа криза се покажа дека медиумите се извор на сигурни и доверливи информации, а растот на сите медиуми, особено дигиталните во март и април, тоа и го покажува. Ова е јасна порака до огласувачите каде нивната порака ќе изгледа добро и покрај какви пораки треба да стои“, оценува Јелена Тушуп.
Според Предраг Рогановиќ од Адриа Медиа Груп, нашите огласувачи не го искористија моментот и прилично доцнат, освен некои, како што се онлајн кладилниците кои одлично го искористиле овој момент.
“Во маркетингот постои борба за внимание, а во медиумите моментално постои само една тема. Луѓето бараа начин или како да го прилагодат работењето или како да се забавуваат и имаше огромен празен простор за внимание, за нови информации, за зацврстување на брендот. Според истражувањето на меѓународната организација за издаваштво INMA, во Америка, 28% од читетелската публика не сакала да чита вести за корона вирусот, една третина читала само такви вести, а една третина комбинирано. Нашата аналитика вели дека постои огромна желба да се вратат луѓето во нормален живот, а нови и убави информации има малку. Во наредните недели, ќе има празен простор за внимание и информации, а брендови кои тоа ќе го разбираат, ќе бидат во предност“, смета Предраг Рогановиќ.
„Имаше исчекор, но не од страна на целиот пазар. Некои компании се позиционираа и го искористија празниот простор да бидат многу повидливи отколку што би биле во некои други времиња. Една од нив е младата млекара Dr Milk, која го привлече вниманието со мегаломанска кампања“, рече Сретен Радовиќ од Ringier Axel Springer, истакнувајќи дека ова не се чести случаи, но вреди да се споменат. „Од друга страна, моментот на креативност на медиумите и агенциите е исклучително важен, односно колку ќе им понудиме на нашите клиенти нешто што е интересно, во согласност со актуелните случувања и да има добар призвук. Исто така, со компанијата “ИДЕА“ е направен “Ручек од карантин“, кој имаше голема посетеност од корисници со иновативни рецепти кои лесно се подготвуваат, генерално се случи популаризација на готвењето, што се гледа и преку зголемена продукција и интересирање на клиентите, но и на публиката за Noizz food. Затоа, после први мај, нашата задача ќе биде да го анимираме пазарот и да ги натераме клиентите да се вратат во своите токови, затоа што и животот ќе започне да се враќа – се надевам дека веќе во мај ќе имаме подобри приказни“, заклучува Сретен.
Враќање во иднината
„Адриа Медиа Груп има за цел никогаш да не се врати на стариот начин на функционирање, затоа што повеќето процеси се покажаа далеку побрзи и поефикасни и ако има нешто добро што ни се случи во короната, тоа е дигитализација на сè“, заклучува Предраг Рогановиќ, наведувајќи дека компанијата ќе се врати да работи на ист начин како што работеше во променети околности. „Ова го гледаме како можност да бидеме поефикасни и истовремено да направиме баланс помеѓу работа и живот, што пред коронавирусот за многумина постоеше само во теорија“, вели Рогановиќ.
Во Telegraf.rs исто така сметаат дека ништо не треба да се враќа во потполност на состојбата како пред коронавирусот. „Продолжуваме со проекти, се свртуваме и кон помладата публика која е заинтересирана за гејминг и е-спорт и многу сериозно се занимаваме со содржина на оваа тема, со планирање на видео продукција и организирање видео турнири. Ќе се занимаваме со унапредување на видеата преку нови формати и прилагодување мобилните апликации чие преземање се зголеми“, вели Јасмина Копривица.
„Многу работи ќе продолжиме да ги практикуваме, како што се онлајн состаноци, а во однос на бизнисот, ќе се осврнеме кон она што веќе го работевме последниве неколку години со „Hello travel“ промовирајќи туристички дестинации во Србија, бидејќи годинава 90% од луѓето ќе летуваат за Србија и тоа се простори кои треба да се освојуваат“, вели Роберт Чобан.
Според него, јасно е дека печатените медиуми повеќе нема да можат да постојат на начин на кој постоеле порано, списанијата за ексклузивни содржини се безбедни, но на читетелите треба да им се понуди и дополнително доживување. „Нашето списание за гејминг кое има постери никогаш нема да може да биде заменето онлајн, како и кулинарските списанија и списанието “Направи сам“, наведува Роберт.
„Сфативме дека работиме во домови кои се исклучително флексибилни и кои не само што можат да опстанат под нешто што им се чинеше незамисливо на сите, туку и да тргнат кон нов циклус на развој“, вели Сретен Радовиќ од Ringier Axel Springer, изјавувајќи дека компанијата ќе има етапно враќање во работата на вработените и дека тоа чувство за враќање во редакцијата и работниот простор е важно за нив. „Дефинитивно можеме да функционираме и без патувања, па на нас ни останува да направиме комбинација од најдоброто, да искористиме дел од лекциите што ги научивме под притисок и да ги примениме во времето кое доаѓа“, вели Сретен Радовиќ.
Според Јелена Тушуп од Nova.rs, порталот сè уште е во фаза на инвестиција благодарение на матичната компанија United Grupa , така што нема обврска да оствари профит, иако се појавуваат огласувачи за да пласираат рекламни пораки. „Нашата цел е да растеме што е можно повеќе и да го насочиме целото внимание на содржината и заборавените вредности во дигиталот, како што се прецизност, сигурност, проверена содржина и содржина незбогатена со шаренило. Ќе ја прошириме нашата мрежа на соработници и наскоро ќе имаме платформа за видео стриминг, на која постојната синергија со Нова ТВ чии емисии и серии ги пренесуваме, ќе бидат уште повидлива. Сè може да се промени во иднина кога се во прашање медиумите, пред сè, платформите за конзумација на медиумите, но она што што останува е редакцијата и содржината во кој луѓето имаат доверба“, заклучува Јелена.
Целиот вебинар можете да го погледнете на следниот линк: DIRECT TALKS From Home 06.