Home » Digital » Огласувачите ги пренасочуваат буџетите од ТВ на дигитал – а Фејсбук користи најмногу

Огласувачите ги пренасочуваат буџетите од ТВ на дигитал – а Фејсбук користи најмногу

Акциите на Фејсбук се на рекордно ниво, од почетокот на годинава пораснале за речиси 44%

Фејсбук во второто тромесечје оствари приходи од 9,3 милијарди долари, 45% повеќе отколку во истиот период минатата година, а како што порасна и добивката, цената на акциите на најголемата социјална мрежа достигна највисоко ниво.

Според објавениот финансиски извештај, чистата добивка на Фејсбук во изминатиот квартал достигна 3,9 милијарди долари, што е 71% повеќе од претходната година.

Притоа, приходите од огласувањето пораснаа за повеќе од 50%, на речиси 8 милијарди долари, па сега приходите од огласувањето на мобилните уреди сочинуваат 87% од вкупните приходи на Фејсбук, додека претходната година  сочинувале 84%.

Огласувачите ги пренасочуваат парите од телевизиското, во огласување на веб и мобилните платформи, а Facebook е една од компаниите која има најголема корист, иако на мобилниот видео пазар е соочен со жестока конкуренција од Snapchat и YouTube, кои исто така секојдневно привлекуваат милиони посетители.

Според проценките на аналитичката компанија eMarketer, Google оваа година би можел да забележи 73,7 милијарди долари приходи на пазарот на мобилното и видео огласување, а Facebook 36,3 милијарди. Заедно овие две компани ќе сочинуваат 49% од тој пазар, проценува eMarketer.

Според податоците од финансискиот извештај, Facebook на крајот од второто тромесечје имал 2,01 милијарди активни месечни корисници ширум светот, што е 17% повеќе од претходната година. Притоа, две третини од нив, оваа социјална мрежа ја користеле секој ден.

Имавме добро втор квартал и цела прва половина од годината”, се вели во соопштението на Марк Цукерберг, извршниот директор.

Бидејќи резултатите од работењето се подобри отколку што очекувале аналитичарите, цената на акциите на Фејсбук порасна во средата за повеќе од 4%, достигнувајќи рекрдно ниво од 173 долари.

Од почетокот на годината, цената на акциите на Фејсбук порасна за речиси 44%.

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365