Home » Digital » Огласувачите гледаат предност во најавените промени на Фејсбук

Огласувачите гледаат предност во најавените промени на Фејсбук

Брендовите веќе долго време го третираат Фејсбук како „pay-to-play“платформа

Извор: DigiDay

Минатата недела Фејсбук ја објави својата најголема промена во алгоритмот за вести досега, која ќе им даде приоритет на содржината од пријателите и семејството наспроти постовите од компаниите. Но, иако издавачите се во паника поради одредена загуба на прометот на нивните веб-страници кој доаѓа од Фејсбук, закупувачите на медиумскиот простор сметаат дека брендовите ќе бидат релативно неоштетени со оваа промена на алгоритмот.

Имено, брендовите веќе долго време го третираат Фејсбук како „pay-to-play“ платформа, а Фејсбук најави дека новиот алгоритам нема да влијае на платените постови на платформата. Сепак, треба да се напомене дека цената по илјада прикажувања на рекламите евентуално ќе се зголеми. Од друга страна, многумина веруваат дека алгоритмот на Facebook ќе ги филтрира click-bait промоциите, што на долг рок ќе ги поттикне брендовите да создаваат позначајна содржина.

Брендовите веќе знаат дека добиваат мала видливост од неплатените содржини на Фејсбук, вели Бретани Рихтер, менаџер за социјални медиуми за iProspect. Повеќето содржини на брендовите на Фејсбук се во форма на постови кои не се појавуваат нужно на страницата на компанијата и се дистрибуираат како реклами, а рангирањето на рекламите нема да се промени со новиот алгоритам.

Органската содржина не функционира подеднакво добро, како и платени постови на Фејсбук, но Мајк Досет, потпретседател за дигитална стратегија во агенцијата RPA, верува дека многу брендови се уште ја користат за да комуницираат со своите фанови, заради што би можело да дојде до промена во начинот и односот на кој брендови инвестираат во органската, неспонзорирана содржина.

Стив Бурс, извршен директор и коосновач на дигиталната агенција Reshift Media, смета дека новиот алгоритам на Фејсбук ќе направи брендовите помалку да размислуваат од аспект на самата компанија и повеќе да се фокусираат на она што им е грижа на публиката, што за возврат ќе создаде нови можности за маркетерите.

Фејсбук ги принудува луѓето да создаваат квалитетна и релевантна содржина“, вели Бурс. “Социјалните мрежи беа средство за комуникација еден-на-еден, но со текот на времето, луѓето станаа мрзливи. Овие промени нема да влијаат врз брендовите кои создаваат висококвалитетни содржини, а ќе ги погоди оние кои туркаат вирални, меме постови.”

Бурс верува дека брендовите исто така можат да ги изненадат и да ги израдуваат своите корисници офлајн. На пример, некоја пицерија може да понуди бесплатен сок за секој потрошувач, со цел да ги поттикне да ги споделат своите искуства онлајн. Или брендовите во Фејсбук постовите можат да поставуваат прашања како на пример: “Што мислите дека треба да додадеме во нашиот производ?“, со цел да генерираат интеракција и дискусија.

Засега не е јасно дали новиот алгоритам ќе го намали значењето на Facebook Live содржината, па тоа би можело да биде една од областите на кои брендовите би се фокусирале, со цел да досегнат до корисниците.

Раководителите на агенциите сметаат дека се уште е рано да се одреди ефектот на промената на Фејсбук на платените медиуми. Џејмс Даглас, виш потпретседател и извршен директор на социјалните медиуми во компанијата Society, вели дека цената на прикажување на рекламите на Фејсбук најверојатно ќе се зголеми, бидејќи огласниот инвентар на оваа платформа најверојатно ќе се намали ако издавачите бидат погодени.

Ќе го имаме во предвид и Инстаграм“, вели Даглас, и додава дека ќе се разгледуваат и други алтернативи, како што е Snapchat.

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365