„Сарајевска пивара“, како нов ексклузивен спонзор на „Сараево филм фестивал” (СФФ), осмисли и произведе ограничена серија лименки Sarajevsko film, како и Sarajevsko во неповратна амбалажа до 0,33л, на чиишто етикети се плакатите на домашните филмови.
Како што соопштија од компанијата, за промоција на културните вредности на БИХ, по повод СФФ, „Сарајевска пивара” ги произведе овие ограничени серии пива, што претставува посебен придонес за промовирање набосанскохерцеговската кинематографија.
“Ексклузивното спонзорство на СФФ за нас претставува поддршка на проектот, кој придонесува за поквалитетен живот на граѓаните, ја промовира земјата во странство и со години го претставува Сараево како центар на културните случувања. Практично, секоја вечер во текот на траењето на фестивалот, имаме организирана програма, која ја осмисливме на начин да биде достапна секому. Планираме бесплатно да поделиме влезници и покани за љубителите на Sarajevsko и сакаме колку што е можно повеќе граѓани на Сараево и гости, да почувствуваат дел од фестивалската атмосфера“, рече Мелиса Сефер Личин, ПР-директор на „Сарајевска пивара”.
СФФ почнува утре и ќе трае до 20 август.