(СВЕТ) – Мексиканските власти поради се поголемиот број на дебели деца го ограничија времето за рекламирање на слатки пијалоци и храна на телевизиите
Оваа одлука стапила на сила веднаш и се очекува да го намали бројот на рекламите за 40 отсто кои се однесуваат за храна која содржи многу калории. За емисиите кои се наменети за децата може да се рекламираат само производи кои ги исполнуваат критериумите утврдени од нитруционистите.
Дебелеењето е еден од големите здравствени проблеми во Мексико и неофицијалните податоци покажуваат дека повеќе од 70 отсто од возрасните и 30 отсто од децата имаат прекумерна тежина.