Околу 19,3 милиони гладачи во САД го следеа финалето на телевизиската серија “Игра на престолот“ во неделата навечер, што е рекордна гледаност за оваа серија, соопшти кабелскиот канал HBO.
HBO објави дека бројот на гледачи кои последната епизода од серијата ја гледале пред малите екрани и на своите HBO GO i HBO NOW апликации го надмина претходниот рекорд од 18,4 милиони, колку што ја гледале претпоследната епизода минатата недела, објави Ројтерс.
Дејството на оваа американска фантастична телевизиска серија се одвива во измислените Седум кралства на Вестерос, во кое неколку завојувани семејства се борат за контрола на Железниот престол, а емитувањето започна во 2011 година.
Серијата која е заснована на книгите на Џорџ Р.Р. Мартин е најголемиот хит на HBO и ќе биде запамтена како една од најдобрите телевизиски серии некогаш направени.