OMD и Starcom се двете медиа агенции кои беа избрани во глобалната медиа евалуација на McDonal’s да се натпреваруваат за опслужување на глобалните пазари на брендот за брза храна, вклучувајќи ги и САД, Кина и Обединетото Кралство.
Евалуацијата беше започната минатата есен од страна на Ebiquity, а целта на McDonald’s е да има повеќе од една агенција која ќе ги опслужува различните глобални пазари. Од 2003 година навака, OMD во сопственост на Omnicom Group беше единствената агенција која ги опслужуваше сите глобални пазари на McDonald’s.
Пред изборот да биде сведен на Starcom и OMD, во „игра“ биле и голем број на други големи играчи од агенцискиот пазар. OMD на Omnicom Group и Starcom на Publicis Groupe сега ќе се натпреваруваат меѓусебе за пазарите во САД, Кина, Обединетото Кралство, Франција, Австралија и Канада.
До сега, одлучено е дека OMD ќе го застапува McDonald’s во Германија, а Starcom во Франција и Латинска Америка.
Во однос на креативната работа, во 2016 година McDonald’s ја прекина повеќедецениската соработка со Leo Burnett и како креативна агенција ја назначи „We Are Unlimited“, дел од DDB, во сопственост на Omnicom Group.