Спотот за најновиот проект на Heineken- наречен “Worlds Apart”, цели кон пронаоѓање на заедничко разбирање помеѓу луѓето кои имаат различни ставови и води кон тоа да бидат поотворени едни кон други. Креиран од страна на Publicis London, “социјалниот експеримент” здружува два странци во реалниот живот кои се среќаваат еден со друг за прв пат и се поделени во нивните верувања.
Во заедничкиот проект на пиварницата и непрофитната организација The Human Library, реални луѓе со различни погледи на светот се среќаваат за прв пат. На секој пар даден му е мебел на расклопување (во стил на IKEA) во еден бар и прашалник кој треба да го комплетираат заедно. Потоа парот гледа краток филм со мислењето на својот партнер кое се разликува од неговото. А потоа настапува тишина …
На секој од учесниците му се дава избор: да оди, или да остане во барот и да дискутира околу различностите на ‘’по едно пиво.’’
Секој од паровите избира да разговара на начин на кој го почитува соговорникот придружен со голтка-две Heineken се разбира.
https://youtu.be/8wYXw4K0A3g