Американската маркетинг агенциска групација Omnicom ќе остане без генерален маркетинг директор, откако беше најавено повлекувањето на Кетлин Сакстон по нешто повеќе од една година од нејзиното назначување.
Заминувањето на Сакстон било заемно договорено со извршниот директор на групацијата, Џон Врен. Таа ќе остане на функцијата до април следната година, а името на нејзиниот наследник или наследничка сѐ уште не е познато.
„Понекогаш во животот, времето и амбициите во корпоративниот свет не секогаш се усогласуваат со нашата лична визија и затоа Џон и јас се согласивме, со прагматизам и благодат, да бидам ослободенa од мојот договор подоцна следната година за да искусам нова авантура“ – изјави Сакстон.
Нејзиното заминување доаѓа речиси една недела по заминувањето на генералниот стратегиски директор Алекс Хес, кој одлучил да се посвети на политиката во Обединетото Кралство во пресрет на нивните општи избори во 2024 година.